дома Економија Ангел Анѓушев од Грин Машинс на Бизнис форум во Тирана: на команиите...

Ангел Анѓушев од Грин Машинс на Бизнис форум во Тирана: на команиите од регионот им треба државна поддршка за технолошки напредок и јавни набавки кои се транспарентни и конкурентни

57

Оперативниот директор на Грин Машинс, ќерка фирма на велешки БРАКО, Ангел Анѓушев, на бизнис форумот кој се одржа во Тирана во рамките на Берлинскиот процес, порача дека државите од Западен Балкан очекуваат економска помош и поддршка од ЕУ, но нагласи и дека самите земји треба да вложат во зајакнување на сопствениот економски сектор.

„Сите ние, властите и стопанството, во секоја од земјите, треба да погледнеме прво во нашата сопствена земја, што можеме ние самите да направиме за себе пред да погледнеме што ЕУ би можела да ни помогне.

Компании во регионот, немаат добра средина за раст, немаат доволно буџетска поддршка за инвестирање во технолошки напредни производи и постои реален недостаток на транспарентни и конкурентни процедури за јавни набавки од државните и локалните институции.

Да го дадеме приоритетот на локалниот развој и да создадеме погодна средина за раст токму овде во Западен Балкан“, потенцираше Анѓушев во своето излагање пред присутните министри за економија и финансии од регионот на Западен Балкан.

Во рамките на Берлинскиот процес, со кој оваа година претседава Република Албанија, Министерството за финансии и економија на земјата домаќин, заедно со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ), беа домаќини на бизнис форумот кој се одржа во Тирана и ги претстави достигнувањата и предизвиците на патот на регионот кон единствениот пазар на ЕУ.



ПредходнаДневен хороскоп (01.10.2023) | NetPress
СледнаНародната банка ја овозможи алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“