дома Популарно Меѓународната заедница да престане да биде заложник на руските интереси и да...

Меѓународната заедница да престане да биде заложник на руските интереси и да ѝ удоволува на Бугарија за асимилација на Македонците

67

ВМРО-ДПМНЕ има бурна историја полна со емоции, имало различни гледишта и од неа произлегувале партии и фракции во минатото, но сите подоцна се враќале и повика на обединување, порача лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во обраќањето на Втората годишна конференција на Унија на ветерани на партијата, насловена „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“.

Според него, власта е таа што е разединета.

„Луѓето од власта се свесни дека ќе им се случи народ и ќе им се случи тежок пораз и единствено им преостанаа византиските игри. Па, така пред некој ден се состанале Ковачевски, Зечевиќ, Заев и Спасовски. Се состанале за да прикажат дека се единствени и сплотени. Тоа што се прави ја покажува, всушност, спротивната теза – дека се длабоко поделени и раскарани. И добро е што се сретнале, затоа што така пропадна уште една теза на одредени кругови на власта, па и на оние нивни лакеи во опозицијата дека имало каква било тајна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Заев“, посочи Мицкоски.

Тој ја повика меѓународната заедница да следи што прави оваа Влада, бидејќи, како што рече, државата не постои единствено за прашањето на уставни измени, и дека има многу други теми и прашања важни за народот кои поминуваат без коментар од западните партнери.

„Многу е ова важно, затоа што многумина во македонското општество ова го потценуваат и многумина денеска се обидуваат да ни кажат дека ако не го прифатиме диктатот во кој не сме ни биле учесници, тогаш за нас нема Европа. Навистина жалам што повторно, по којзнае кој пат, Европа е доведена во заблуда од страна на криминални политичари во Македонија и на Балканот, исполнувајќи ги бугарските интереси“, рече Мицкоски, оценувајќи дека со тоа ЕУ е заложник на руската политика на Балканот.

Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, нагласи тој, отсекогаш во историјата биле прозападни и се стремеле и имале прозападна ориентација, без дилема, од самото формирање до ден денешен.

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е наследник на историското ВМРО и е пред прагот повторно да го обедини македонскиот народ и граѓаните во Македонија на следните парламентарни избори за историска рекордна победа.

„Имајќи го сето ова предвид, мојата порака денеска од овде е ‘НЕ’ за диктати кои се носат помеѓу корумпирани политичари и тесна група на луѓе. ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане прозападна политичка партија. ВМРО-ДПМНЕ не е ниту пробугарско, просрпско, прогрчко, ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија за македонско национално единство и е промакедонско, било и ќе биде. А мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси, удоволувајќи ѝ на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ, додека јас сум претседател и додека сум жив, нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат како што сега е ставен во парламентот“, категоричен беше тој.

– Реклама –

ПредходнаАко законот за амнестија добие европско знаменце, ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Парламентот
СледнаТурција веќе ништо не очекува од ЕУ