дома Македонија Во Свети Николе панихида и академија за децата бегалци од Егејска Македонија

Во Свети Николе панихида и академија за децата бегалци од Егејска Македонија

56





Здружението на бегалци од Егејска Македонија „БЕЛОМОРЦИ“ од Свети Николе денеска организира панихида и Свечена академија, како дел од одбележувањето на Шестата средба на Децата бегалци.

Панихидата ќе се одржи во Нова Мездра во помен и сеќавање на починатите Македонци од Егејска Македонија, а воедно ќе се одбележи и 75. годишнина од крајот на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година во делот на Егејска Македонија.

Свечената Академија е со почеток во 10 часот во салата на Општина Свети Николе, а како што најавуваат организаторите, темата ќе биде „75 години од завршувањето на граѓанската војна во Грција и населувањето на бегалците во Ерџелија, Нова Мездра и другите населени места во Општината и градот Свети Николе“.

Најавени се излагања на грaдоначалникот на Свети Николе Дејан Владев, Архимандридот отецот Никодим Царкњаз, проф. д-р Елка Јачева-Улчар, на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, на претседателот на Сојузот на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија-МАКЕДОН Александар Јаневски, на претседателот на Здружението на Македонците од Егејска Македонија Мирка Гинова од Штип Стојан Димков и на Антонио Петков, доктор по историски науки.

ФОТО: Здружението на бегалци од Егејска Македонија „БЕЛОМОРЦИ“

– Реклама –








ПредходнаПовредено лице од струен удар во тетовско
СледнаБајден ги повика републиканците да престанат со закани за запирање на работата на Владата