дома Свет Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на...

Стано: ЕУ се уште не решила дали ќе учествува на инаугурацијата на Путин, Борел е против присуство

28

– Можам да потврдам дека поканата од Кремљ за утрешната инаугурација на Путин е пристигната и до земјите членки и до Делегацијата на ЕУ во Москва. Ние секогаш имаме за цел да изградиме координиран европски пристап кога е во прашање надворешната политика, па во моментов меѓу земјите членки се дискутира како да се одговори земајќи ги предвид сите релевантни елементи, истакна Стано.

Тој нагласи дека засега не е донесена никаква конечна одлука во однос на поканата, но потенцира дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика безбедност Жозеп Борел е против учество на претставници на Унијата на овој настан во Москва.

ПредходнаПочина поранешниот аргентински селектор Меноти
СледнаИзраелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на холокаустот