дома Свет Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

27

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

ПредходнаИталијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин
СледнаУапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи