Гроси со претставници на иранските власти ќе разговара за нуклеарната програма на земјата.
Тој ќе учествува на меѓународната конференција за нуклеарни науки и технологии и ќе се сретне со „највисоките претставници на нуклеарната програма и политичките власти“ во Иран, јавија иранските медиуми.
Гроси се надева дека ќе го зајакне надзорот на МААЕ врз иранската нуклеарна програма по серијата неуспеси во тој поглед. Но, аналитичарите и дипломатите велат дека тој има само ограничена моќ и треба да внимава да не добие празни ветувања, наведуваат агенциите.