дома Економија Азиските инвеститори претпазливи на почетокот од седмицата

Азиските инвеститори претпазливи на почетокот од седмицата

59

На азиските берзи во понеделникот се тргува внимателно со слаб промет, бидејќи во многу земји во регионот пазарите се затворени поради празници.

На токиската берза индексот Nikkei утринава порасна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија паднаа за 0,2 отсто. Кинеските берзи се затворени во текот на почетокот на ткн Златната седмица, а поради празник затворена е и берзата во Јужна Кореја.

На азиските берзи и натаму се тргува внимателно, откако цените на акциите драстично паднаа во третиот квартал.

Денешниот раст на индексот Nikkei, аналитичарите го објаснуваат со слабоста на јенот, чиј курс во однос на американскиот долар е на најниско ниво во последните 11 месеци. Тоа, се верува, би можело да поттикне раст на извозот, бидејќи поради слабиот јен, јапонските производи стануваат поконкурентни на странските пазари.

Во Австралија, пак, берзанскиот индекс благо падна, што најмногу е последица на падот на цените на акциите на рударските компании поради падот на цените на суровините.

Бидејќи утринава поради празниците многу берзи се затворени, позитивните показатели од кинеската економија не предизвикаа особена реакција. Во текот на викендот беше објавен официјален извештај, според кој PMI индексот на производна активност во септември порасна на 50,2 отсто, од 49,7 поени еден месец претходно, што претставува прво зголемување на активноста во последните шест месеци.

Пазарите не беа особено погодени и од веста дека е избегнато затворање на владините служби во САД, бидејќи во неделата во Конгресот беше постигнат договор за привремено финансирање на обврските на сојузната влада до средината на ноември.



ПредходнаВо Словачка, куче фатено зад волан во „шкода“, сопственикот казнет
СледнаФОТО I Спречен обид за криумчарење моторцикли и друга стока, увозник се обидел да ја внесе без да ја пријави