дома Свет Џефрис: Постои можност од воена интервенција на САД во Украина

Џефрис: Постои можност од воена интервенција на САД во Украина

27

Во интервју за „Си-би-ес њуз“ синоќа тој изјави дека ако Украина претрпи пораз тогаш постои голема веројатност САД да бидат принудени да испратат своја војска за да се спречат закани по земјте на НАТО од страна на Русија.

Џефрис го истакна повеќепати повтореното тврдење на многу западни политичари дека во случај на победа над Украина, претседателот на Русија Владимир Путин нема да запре таму и ќе продолжи со напади врз земјите од НАТО.

Сепак, кога се однесува до директно учество во конфликтот, позицијата на американската влада останува непроменета – САД засега не планираат да испраќаат војска во Украина за да се избегне ризик од понатамошна ескалација. Ова претходно го изјави дравниот секретар Ентони Блинкен потврдувајќи ја позицијата на претседателот Џо Бајден.

За можно распореудвање војска во Украина исто така се дискутира и во останатите членки на НАТО, вклучувајќи го и претседателот на Франција Емануаел Макрон.

ПредходнаБајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
СледнаЗападно разузнавање: Русија планира да изврши серија диверзии и напади во Европа