дома Свет Хамас објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот, за Израел...

Хамас објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот, за Израел прифаќањето „помека“ верзија на договорот е неприфатливо

27

Катар и Египет посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари од Израел.

Израел вели дека Хамас прифатил „помека“ верзија на договорот за прекин на огнот предложен од Египет, што е „неприфатливо“ за израелските носители на одлуки, според извештаите, пишува „Скај њуз“.

Се наведува дека израелските власти тврдат дека најавата на Хамас се чини дека е измама со цел да се прикаже Израел како страна која не е подготвена да го прифати договорот.

Израел претходно денеска најави офанзива врз Рафа, најјужниот град Газа. Повеќе од милион жители се засолниле во градот поради судирите во другите делови на Појасот Газа.

ПредходнаСи Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН
СледнаДвократен европски првак загина во војната во Украина