Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) е оптимисична во прогнозите за побарувачката за оваа година, изјави во понеделникот генералниот секретар Хајтам ал-Гаис, предупредувајќи дека недоволните инвестиции ја загрозуваат енергетската безбедност.
„Сè уште очекуваме прилично еластична побарувачка за нафта оваа година, како што беше минатата година“, рече ал-Гаис на енергетската конференција во Абу Даби, потсетувајќи дека прогнозираниот раст на групацијата треба да надмине 2,3 милиони барели дневно.
Челникот на OPEC нагласува и дека инвестициите во секторот на нафта и гас се важни за енергетската безбедност.
„Многупати кажавме дека ни снемува… слободни капацитето, (овој проблем) бара координирани потези од сите засегнати страни за да се разбере важноста на инвестирањето во секторот“, рече ал-Гајс.
И министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Сухаил ал-Мазруеи, предупредува за неопходните инвестиции на меѓународните и националните нафтени компании.
За да можат нафтените компании да инвестираат, финансискиот сектор мора да биде подготвен да ги финансира инвестициите, тврди Мазруеи.
Обединетите Арапски Емирати ќе го прошират производствениот капацитет до 2027 година од сегашните 4,2 милиони на пет милиони барели дневно, изјави подоцна ал-Мазруеи за новинарите.