дома Свет Иран го поздрави позитивниот одговор на Хамас на планот за прекин на...

Иран го поздрави позитивниот одговор на Хамас на планот за прекин на огнот во Појасот Газа

23

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи го поздрави одговорот на Хамас на планот претставен од земјите кои посредуваат во договорот за прекин на огнот за ставање крај на геноцидната војна на ционистичкиот режим против Појасот Газа.

– Исламската Република Иран го поддржува претставениот план, вклучително и итен и конечен крај на нападите и злосторствата на ционистичкиот режим, укинување на бруталната блокада на Газа, ослободување на палестинските затвореници и целосно и безусловно повлекување на израелските окупаторски сили од Појасот Газа, како и обнова на разурнатата инфраструктура, истакна портпаролот на иранското МНР.

Неговата изјава уследи по синоќешната објава на Хамас дека се согласил со предлогот за прекин на огнот на Египет и на Катар.

ПредходнаРусија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
СледнаНа десет дена до крајот на пописот, во Косово се попишале над 1,2 милиони лица, кај Србите и натаму има отпор