дома Свет Во САД средба на Лајчак со Ескобар

Во САД средба на Лајчак со Ескобар

21

 Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека во САД се сретнал со американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.

„Имав многу продуктивна средба со американскиот специјален пратеник Ескобар, со нетрпение очекувам и други разговори за време на мојот престој овде“, напиша Лајчак на социјалната мрежа Икс.

Два дена претходно, тој ја сумираше претходната недела во објава на Фејсбук. каде се осврна на средбата со главните преговарачи на Косово и Србија во Брисел, за кои напиша дека биле корисни.

Во таа најава Лајчак напиша дека за време на престојот во САД ќе има детални консултации во Вашингтон и Њујорк, каде со американските партнери и соговорници од ОН ќе разговара за Западен Балкан.

ПредходнаГерманија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
СледнаСоветот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените