дома Свет Словачка регистрира 1.100 закани за бомби во еден ден, полицијата почна истрага...

Словачка регистрира 1.100 закани за бомби во еден ден, полицијата почна истрага за тероризам

-Актот се истражува како особено тешко кривично дело терористички напад, рече Растислав Полакович, заменик началник на полицијата.

Тој посочи дека мејловите почнале да пристигнуваат во училиштата денеска од пет или шест часот наутро и додаде дека речиси 1.000 од заканите за бомби биле упатени кон училишта, а повеќе од 100 од нив биле примени од банките.

-Полицијата ја проверува безбедноста во училиштата и работи на откривање на сторителот, објави полицијата на својата официјална фејсбук-страница.

Насилниците се соочуваат со можна доживотна затворска казна.

ПредходнаСафади: Нетанјаху мора да се соочи со реални последици
СледнаПисонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Северна Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат