дома Локално Кумановци реагираат дека доцни прскањето против комарци, од Општината најавија дека ќе...

Кумановци реагираат дека доцни прскањето против комарци, од Општината најавија дека ќе почне идната недела

37

На одредени локации во градот, екипите на „Чистота и Зеленило“ косат и средуваат. Сепак, граѓаните реагираат дека тревата е висока, наизменичните топли и врнежливи денови, дополнително ги зголемуваат можностите од наезда на комарци и други инсекти. Од Општината велат дека постапките се завршени и дека се очекува склучување на договори со избраните компании.

-Постапките за јавна набавка за авионско третирање против комарци и за дезинсекција, дератизација, прскање против крлежи и ларвицидна дезинсекција се завршени и се во фаза на склучување на договори со избраните понудувачи. Се очекува веќе од следата недела да се отпочне со третирање против инсекти (комарци, крлежи, а воедно и да се врши дератизација по однапред утврден план и програма, велат од Општината.

Претходните години според статистиката на Општината договорите се склучувале во март, а третирањето почнува во април. Општина Куманово со години наназад спроведува и авионска и терестичка дезинсекција, за што одвојува најмалку два милиони денари. Постапките се спроведуваат во неколку наврати годишно, се третираат површини покрај градскиот кеј, парковите, по теченијата на реките.

ПредходнаФестивал на уникатни домашни производи викендов во Скопје
СледнаХјуман рајтс воч“: Израелските сили извршија најмалку осум напади врз хуманитарните работници