дома Култура Изложба на слики на Билјана Билбилоска во Париз

Изложба на слики на Билјана Билбилоска во Париз

26

  Изложба на слики  „Underpainting“ од Билјана Билбилоска денеска ќе биде отворена во Cite Internationale des Arts во Париз. Таа ќе се претстави со дела изработени во акрилна техника.

Изложба на слики на Билјана Билбилоска во Париз– Главниот белег на оваа изложба е насочена кон истражувањето на палетата на бои на Леонардо да Винчи, на неговите три капитални дела во Лувр, како и истражување на неговата специфична техника на работа, универзално позната како Underpainting., или сликање во неколку слоеви на боја, при што главниот хроматски призвук е диктиран од првото обоено ниво, соопшти Билјана Билбилоска.

Според неа, мајсторството на Леонардо да Винчи да ја доведе сликата до ладна атосфера со топли бои е факт кој до ден денес фасцинира и остава широк простор за размислување.

Билјана Билбилоска изминатите неколку седмици престојува во познатата куќа на уметниците во Париз, во квартот Le Marais.

Проектот е поддржан од Министерството за култура

ПредходнаПочнува 13. Самит „Македонија 2025“
СледнаОбјавена новелата „До_адната книга“ од Стефан Марковски