дома Балкан Тринаесет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков...

Тринаесет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград

45

 Нема загинати а 13 лица се повредени при синоќешниот судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС. ‘ лица се задржани на лекување , другите се пуштени дома.

Несреќата се случила   во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“.

На терен веднаш излегоа екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила.

Во 18 часот и 42 минути било добиено известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ беше на местото каде што се судрија возовите во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост.

 

ПредходнаAтентатот неуспешен ,Фицо е во свесна состојба (видео)
СледнаИзбрана новата Влада на Хрватска