дома Свет Избрана новата Влада на Хрватска

Избрана новата Влада на Хрватска

41

 По десетчасовна дискусија, хрватскиот Сабор ја изгласа третата влада на Андреј Пленковиќ, поранешен и иден премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

За Владата формирана од ХДЗ со десничарското движење Татковина, а во која нема претставник на српското национално малцинство гласаа 79 пратеници, 61 беа против, а еден воздржан.

На денешната седница присуствуваа 141 пратеник.

Новата влада наместо досегашните 16 министерства ќе има 18, а три ќе му припаднат на Татковинското движење кое ги доби министерствата за земјоделство, економија и новооснованото министерство за демографија. Владата ќе има седум потпретседатели, од кои еден е од ДП.

Пленковиќ синоќа до Собранието го достави списокот на министри и програмата на новата влада, во која беше наведено дека приоритетите на новата влада се успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска.

Меѓу другото, како цели се наведени растот на просечната плата од сегашните 1.250 евра на 1.600 евра и поттикнување на отворање на 125.000 работни места.

ПредходнаТринаесет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград
СледнаСкопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“