дома Балкан Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека...

Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати

39

    Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека причина за судирот на патничкиот и товарниот воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, во кој нема жртви е човечки фактор.

Српскиот министер за за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека 13 патници се повредени, од кои четворица се пренесени во Ургентниот центар.

„Гарнитурата на Беовоз помина низ заштитното светло и удри во товарниот воз кој чекаше дозвола да се движи кон станицата Овча“, изјави Весиќ.

Дачиќ пред новинарите изјави дека во несреќи како оваа често има жртви и дека е вистинска среќа што во денешниот судар нема загинати и сите патници се симнале од возот.

„Најважно е дека нема загинати“, изјави Дачиќ за новинарите.

ПредходнаСАД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
СледнаВо Санкт Петербург седум повредени при експлозија на муниција од Втората светска војна