Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.
Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.
Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.
Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот.