Манекенката Бела Хадид (27) се појави со голи гради на Канскиот филмски фестивал!

Доаѓањето на манекенката беше многу очекувано бидејќи секоја година ги остава луѓето без здив со своите креации. Сепак, многумина не го очекуваа ова од неа.
Иако манекенката е позната по тоа што храбро се облекува , се чини дека никој не очекуваше да открие до толку.
Фустанот во боја на кожа беше проѕирен во горниот дел, па нејзините гради целосно се гледаа. Самата мрежа не покриваше ништо.
Тесниот крој ги истакна сите нејзини атрибути, а имаше интересен дизајн на средината на телото. Самиот фустан не е ништо спектакуларно, но таа сигурно го доби она што го сакаше – сите очи беа вперени во Бела Хадид.
Сето тоа го завршила со совршена шминка и фризура, а згора на се имала многу дискретен накит.
Фото: Инстаграм
Извор: Informer.rs