дома Свет Раиси: Иран побарал помош од САД по падот на хеликоптерот

Раиси: Иран побарал помош од САД по падот на хеликоптерот

Молба за поддршка од големиот непријател: Според Стејт департментот, Иран побарал помош од Вашингтон по исчезнувањето на претседателскиот хеликоптер. Вашингтон

Останува нејасно дали станувало збор за конкретна помош во потрагата или за спасување.
Претседателот Раиси, неговиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахијан и уште седум лица загинаа во несреќа во неделата во североисточниот дел на Иран.
Сепак, на крајот, САД не биле во можност да ја обезбедат бараната помош „во голема мерка поради логистички причини“, додаде Милер, без да наведе повеќе детали. Тој не сакаше да коментира нита за формата на комуникација меѓу двете земји, кои немаат дипломатски односи уште од Исламската револуција во Иран во 1979 година.
Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека сѐ укажува дека падот на хеликоптерот на Раиси е несреќен случај. „Многу работи можат да бидат одговорни – механички дефект, пилотска грешка…“, рече тој. Во секој случај, САД „немаат никаква врска со тоа. Тоа е едноставно факт“, истакна Остин. Во минатото, иранските владини претставници постојано ги обвинуваа Израел или САД за безбедносни инциденти во Иран. Поранешниот ирански министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ја поврза хеликоптерската несреќа во понеделникот со американските санкции со кои се забранува продажба на резервни делови на воздухопловната индустрија.

ПредходнаКосово: Нови тензии околу динарот
СледнаЕјџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф