Државната изборна комисија утврди дека ќе има прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, откако Управниот суд минатиот петок ги отфрли како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ поднесени против решенијата на ДИК.
Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено најмногу пратенички мандати – 58, по што следуваат коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ– 18, коалицијата ВЛЕН – 13, а Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.