дома Локално Од градот уништени земјоделски површини во Липково и Старо Нагоричане, излеана Крива...

Од градот уништени земјоделски површини во Липково и Старо Нагоричане, излеана Крива Река во североистокот

36

– До доцните вечерни часови со скип ги отстранувавме наносите од камења, инфраструктурата е уништена во повеќе села. Во однос на земјоделското обработиливо земјиште има уништени посеви од житни култури, градинарски, лозови и овошни насади. Комисијата ќе почне со работа, но веројатно ќе и треба повеќе време и детална информација ќе има до утрешниот ден, изјави Цветановски.

Жители на Липково, пак информираат дека вчера град паѓал 45 минути.

-Прво беше поситен, после покрупен како орев, се е уништено од културите, овошки, жито, домат, пиперка, изјавија жителите.

Најпогодени села се Отља, Слупчане, Оризаре. Штети имаат и куќите со соларни панели, а од градот оштетени се и автомобили кои биле оставени надвор.

Зголемен е водостојот и излеана е Крива Река во Опила, (Општина Ранковце), соопштија денеска од ЦУК. Оттаму додаваат дека по добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила, Секторот за операции и координација на ЦУК преку Регионалниот центар за управување со кризи Крива Паланка, веднаш ги извести Општина Ранковце и побарале да се излезе и да се направи увид во состојбата.

ЦУК известува, по направениот увид од страна на Општина Ранковце, дека во еден дел околу мостот, за којшто е добиена пријавата, има излевање на реката на околните земјени патеки. Конкретно под вода е една нива и импровизирано игралиште. Причината за ваквата состојба е констатирано дека најверојатно е нерасчистеното корито од бујната распространетата вегетација. Мерки за расчистување Општина Ранковце ќе преземе веднаш по смирување на водата во речното корито и повлекување на истата, на веќе дефиниран простор, велат од ЦУК.

ПредходнаСиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на Денот на сесловенските просветители
СледнаЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили