Генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Хусеин ал-Шеик се заблагодари на X по најавите на Шпанија, Ирска и Норвешка дека ќе ја признаат палестинската државност.
– Историски моменти во кои слободниот свет триумфира за вистината и правдата по долги децении палестинска национална борба, страдање, болка, окупација, расизам, убиства, угнетување, злоупотреба и уништување на кои беше подложен народот на Палестина. Им благодариме на земјите во светот кои ја признаа и ќе ја признаат независната држава Палестина. Потврдуваме дека тоа е патот кон стабилноста, безбедноста и мирот во регионот, напиша Ал-Шеик на Х.
Ирска, Шпанија и Норвешка денеска соопштија дека ќе ја признаат палестинската држава.