дома Политика СДСМ и ДУИ во тепачка за ДИК и собраниските комисии

СДСМ и ДУИ во тепачка за ДИК и собраниските комисии

45

Како што дознаваме од партиски извори, битката за освојување на претседателската фотеља во Државната изборна комисија веќе е започната, а најзаинтересирани за оваа позиција се Бојан Маричиќ од СДСМ и Кренар Лога од Европски фронт, но кој ке биде ке се види по слободната интерпретација дали ке се бројат гласовите или кој колку пратеници освоил со оглед на тоа пто бројката меѓу СДСМ и ДУИ е иста-18 пратеници.

Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на слободите и правата на граѓанинот, како и Комисијата за финансирање и буџет се трите собраниски тела чии претседатели ги назначува опозициската партија која на парламентарните избори освоила најмногу пратенички места, И ТОА Е ПРОВОКАЦИЈА за старите колиционери ДУИ и СДСМ.

Но, со оглед на тоа што вчерашното прегласување во неколку општини ѝ откина еден пратеник на ДУИ и сега партијата на Али Ахмети има ист број пратеници (18) со партијата на Димитар Ковачевски, очигледно влегуваме во ситуација која би можела да значи почеток на нова „војна“ помеѓу ДУИ и СДСМ за тоа чиј кадар ќе претседателствува со комисиите.

Секако, голема улога играат и прогнозите на ВМРО-ДПМНЕ дека најмалку двајца пратеници од коалицијата Европски фронт би преминале од опозиција на власт. што може да му олесни на СДСМ.

ПредходнаПретседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск
СледнаПретседателката Сиљановска со Папата се сретна, а Радев го откачи