дома Локално Во Музеј Неготино изложба на скулптури од Слободан Милошески

Во Музеј Неготино изложба на скулптури од Слободан Милошески

42

Говорејќи за неговите живот и дела, Драгица Чекорова, кустос советник во музејот, рече дека Милошески е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2009 година, а работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Тој има реализирано голем број самостојни изложби, а има учествувано и на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија.
Во неговата биографија, нагласи,  се забележливи реализираните скулптури во јавен простор.

Во Музеј Неготино изложба на скулптури од Слободан Милошески  

Директорот на музејот, Александар Донов упати  благодарност до авторот на изложбата, што ја избрал токму оваа културна установа, за да ги претстави своите уметнички дела, во рамките на проектот финансиран од Министерството за култура.

– Високо квалитетните културни настани како што е вечерашната изложба на скулптури, даваат силен импулс за промоција на уметничките вредности, а особено се важни за помалите локални средини, каде што директно влијаат за развој и унапредување на културата, рече директорот, нагласувајќи дека Музејот е секогаш отворен за организација и промоција на вакви и слични културни настани.

Обраќајќи се пред присутните, авторот на изложбата, Милошески, меѓу другото, појасни дека станува збор за скулптури направени во инокс или нерѓосувачки челик, во малку пофлуидна и малку поприродна форма.

Љубителите на културата ќе имаат прилика да ја посетат изложбата до први јуни.

ПредходнаОбјавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус
СледнаМакедонската изворна музичка ризница претсавена во Рим на манифестацијата „Ден на Светите Кирил и Методиј“