дома Балкан Вучиќ: Македонија ме разочара ! Најмногу вложив во односите со нашите браќа...

Вучиќ: Македонија ме разочара ! Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци

29

 Претседателот на Србија Александар Вучиќ при синоќешното гостување на ТВ Прва го коментираше гласањето на резолуцијата за Сребреница, но и претставниците на црногорското владејачко мнозинство кои во собраниска процедура го доставија предлогот за резолуција за геноцидот во Јасеновац.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Белград изјави дека е погоден од гласањето на резолуцијата за Сребреница од Северна Македонија во Генералното собрание на Обединетите нации (ГС ОН), бидејќи „најмногу инвестирал“ во односите со таа земја..

По враќањето од Њујорк, каде што вчера зборуваше на седницата на Генералното собрание на ОН каде беше усвоена Резолуцијата за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, Вучиќ за ТВ Прва изјави дека за разлика од гласањето на Црна Гора потешко е погоден од ставот на Скопје, без разлика на приказните за претходната влада.

-Односот на Северна Македонија не е фер затоа што ми се чини дека најмногу вложив во односите со браќата Македонци и тие секогаш ќе бидат наши браќа. Се покажа дека Грција (која беше воздржана) има повеќе ‘рбет од Северна Македонија и тоа е така, го сакале ние тоа или не, рече Вучиќ.

Македонија гласаше за усвојување на резолуцијата за Сребреница. Нашата држава беше земја коспонзор на предлогот да се донесе резолуцијата на иницијатива на министерот во заминување Бујар Османи.

Тој изјави дека гласањето на Црна Гора за резолуцијата „не го ни погодило“, односно дека „го погодило поради српскиот народ во Црна Гора“. Вучиќ рече и дека Црна Гора „никогаш нема да донесе“ резолуција за геноцидот во Јасеновац, откако претставниците на Србите во таа земја најавија дека ќе предложат усвојување на таков документ до Собранието на Црна Гора.

-Тие рекоа дека ќе ја усвојат таа резолуција мислејќи дека ќе купат два дена околу Сребреница и потоа сите ќе заборават на тоа. Тие не смеат да усвојат таква резолуција, рече Вучиќ на Тв Прва.

„Ви кажувам однапред и подготвен сум да се извинам ако не биде така и најсреќен би се извинил, но за жал нема да има потреба да се извинувам“, продолжи тој.

Вичиќ истакна дека „најодвратно му било однесувањето на Црна Гора“ во однос на Резолуцијата за Сребреница.

„Не ме разочараа, бидејќи тоа го очекував. Му реков на Спајиќ (премиерот на Црна Гора) дека не мора да ме залажуваат, дека знам дека ќе гласаат. Нема да им испратиме протестна нота дури и затоа што гласаа дека сме геноцидни.“ изјавил српскиот претседател,.

Генералното собрание на Обединетите нации во средата ја усвои резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Србија се противеше на носењето на ваква резолуција.

ПредходнаАмбасада на САД во Сараево: Разидување од Босна и Херцеговина ќе значи крај за Република Српска
СледнаОстај преспански договор и Северна- Македонците заминаа на плажите во Грција