Над 12 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ЗА 24 ЧАСА ЈА НАПУШТИЛЕ МАКЕДОНИЈА: Сите заминаа на плажа во Грција. Очигледно Северна и дофговорот за Преспа е само играчка забава за политичарите на власта и опозицијата, граѓаните си сакаат плажа и одмор во Грција. Не им пречат ниту ФИРОМ ниту СЕВЕРНА, ниту гребани коли, нито неманје знаци за Скопја.Тоа значи темата патриотизам е утка на политичарите.
Претпразнично, во текот на завчерашниот и вчерашниот ден, огромни гужви беа забележани на граничните премини Табановце и Богородица. Според снимките од видео камерата на Јавното претпријатие за државни патишта, забележливи беа колони возила кои чекаа да ја напуштат државата. На Табановце пак се чекаше за влез во земјава, која за српските туристи е транзит држава до Грција.
Според МВР, во периодот од 10:00 часот завчера до 10:00 часот вчераутро, на ГП Богородица за влез во Македонија се пријавиле вкупно 3.444 патници.
Вкупно 12.394 граѓани се пријавиле за излез од Македонија, а вкупниот број на граѓани на дозволи за влез и излез е 15.838.