дома Живот Лекарите препорачуваат: Не повеќе од 0,5 литри пиво на ден

Лекарите препорачуваат: Не повеќе од 0,5 литри пиво на ден

37

Германскиот центар за зависности препорачувајќи ограничување на дневниот внос, нагласува: Не пијте алкохол најмалку два дена во неделата. Поконкретно, препораката за жените гласи: Не повеќе од 12 грама алкохол дневно или околу 60 грама алкохол неделно. За мажи: Не повеќе од 24 грама алкохол дневно или околу 120 грама алкохол неделно – со два дена без алкохол. Тоа значи, да не се пие повеќе од 500 милилитри пиво дневно.

Пиењето пиво може да има и добри здравствени последици. Високата содржина на хмељ, на пр., помага во намалувањето на воспаленија во централниот нервен систем, според истражување од 2019 година.

Од не така полезните последици, пак, се наведува оти пивото врши притисок врз бубрезите на неколку начини. Тука спаѓа и опасноста од висок крвен притисок поради редовно консумирање алкохол, а според Националната фондација за бубрег на САД, тоа може да предизвика бубрежни болести.

Натаму, пиењето пиво секој ден дебелее. Мало пиво (0,33 л) во просек значи внос на околу 150 калории. Покрај тоа, според науката, алкохолот го стимулира гладот и апетитот.

Според истражување од 15 јуни 2022 година, пивото, од друга страна влијае благотворно на цревната флора. Истражувањето, објавено во „Журналот“ за земјоделска и прехранбена хемија, е спроведено во четири седмици, на 19 здрави мажи. Испитаниците биле поделени во две групи и секој ден требало да пијат по едно пиво (325 милилитри). Заклучокот вели: Умереното пиење пиво може да ја зголеми разновидноста на цревните бактерии, а тоа значи поздрави црева.

ПредходнаВо Кан завршува 77. Меѓународен филмски фестивал со доделување на наградите
СледнаХемингвеј: Попаметните луѓе се воопшто понесреќни во животот