дома Бизнис Туризмот во Грција руши рекорди, ja надмина и 2019 година

Туризмот во Грција руши рекорди, ja надмина и 2019 година

43

Туризмот во Грција забележа една од најсилните стапки на раст во светот во првиот квартал од оваа година, значително надминувајќи ги рекордните нивоа од претпандемиската 2019-та година, пишува „Катимерини“.

Според податоците на Централната банка на земјата, пристигнувањето на странски туристи во Грција е зголемено за 24,5 отсто, а поврзаните приходи – за 28,2 отсто во однос на првиот квартал од 2023-та година. Приходите изнесуваат 942 милиони евра наспроти 746,5 милиони евра во првиот квартал на 2019-та година и 735 милиони евра во соодветниот период од 2023-та година.

Со овие бројки, грчкиот туризам се чини дека достигнал 120 отсто од својата големина во првиот квартал од 2019-та година, што е значително подобар перформанс од оној што го забележале повеќето дестинации ширум светот, истакнува „Катимерини“.

Сепак, шампион во развојот на туризмот врз основа на пристигнувања во првиот квартал од оваа година во однос на соодветниот период од 2019-та година е Катар (177% раст во споредба со првиот квартал од 2019 година), Албанија (+121 отсто), Саудиска Арабија (+98 %), Танзанија (+53 отсто), Курасао (+45 отсто), Србија (+43 отсто), Островите Туркс и Каикос (+42 отсто), Гватемала (+41 отсто) и Бугарија (+38 отсто), пишува Катимерини.

Многу од овие дестинации се или нови дестинации, како што е Албанија, или дестинации кои значително заостануваат во нивното закрепнување од пандемијата во претходните години, забележува весникот.

Според истите податоци објавени оваа недела од Организацијата за туризам на Обединетите нации, во првиот квартал од 2024-та година, меѓународните туристички пристигнувања закрепнале на 97 отсто од нивоата пред пандемијата. Индикатор што одговара на нешто повеќе од 285 милиони туристи кои патувале на меѓународно ниво од јануари до март 2024-та година, пишува „Катимерини“.

Предходна„Спасувањето на војникот Рајан“ повторно на големиот екран за 80-годишнината од Денот Д
СледнаЕвропските берзи паднаа втор ден по ред, благ пад и на азиските