По неколку обиди, Советот на општина Аеродром го изгласа Деталниот урбанистички план за населбата Лисиче, кој предвидува изградба на нови висококатници во оваа населба.
ДУП-от за Лисиче за градската четврт ЈИ 09, блок 09.01 е усвоен со 16 гласа ЗА од советниците на ВМРО-ДПМНЕ додека 11 советници од СДСМ и Левица гласале против негово усвојување.
В„о меѓувреме ДУП-от за Лисиче изгласан со 16 гласа ЗА и 11 ПРОТИВ! Советничката група на СДСМ гласаше против! Нормално видеото од седницата не можете да го најдете на YouTube.
На последната трета јавна анкета која беше спроведена за време на годишните одмори лани во август, од 9 висококатници остана една. Најголемата, на 12 ката (П+10+Пк). На парцела во сопственост на Голден Арт, фирмата која донираше парк во мандатот на Муцунски.
Какво заокружување на еден градоначалнички мандат. Утре министер ќе биде. На здравје“ вели советникот во Советот на општината од редовите на СДСМ, Милутин Ристески.
Инаку, спорниот ДУП беше три пати ставен на јавна анкета.
Жителите на Лисиче до Општина Аеродром доставија околу 230 анкетни листови за вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.
Предлог ДУП-от за Лисиче ЈИ 09.01, по трет пат на јавна анкета. се најде во 2023 година на 10.08. и траеше до,16.08. во периодот на годишни одмори.
Планот кој предвидува изградба на неколку висококатници од кои највисоката е 12 ката, добил и позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски и тоа во текот на вчерашниот ден, кога престана мандатот на досегашниот министер Благој Бочварски.