дома Култура Режисерот Оливер Мицевски по втор пат ќе се претстави на најголемиот театарски...

Режисерот Оливер Мицевски по втор пат ќе се претстави на најголемиот театарски фестивал во Данска – CPH STAGE

28

На фестивалот кој започнува денеска, Мицевски годинава ќе се претстави со неговата претстава “4.48 PSYCHOSIS” работена по текстот на најзначајниот современ англиски драмски автор, Сара Кејн.

Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот.

Постановката на Оливер Мицевски на „4.48 PSYCHOSIS“ е пресврт од постојните толкувања на текстот кој наметнува многу предизвици со својата комплексност и мистичност.

„4.48 PSYCHOSIS“ на Мицевски е ода за животот, за вродениот порив и страст за живот дури и среде најмрачните премрежја.

ПредходнаДУП-от за населба Лисиче донесен, ќе се градат висококатници
СледнаДржавен завод за ревизија: Неефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот