дома Општество Живко Грозданоски нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија

Живко Грозданоски нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија

37

На денешното изборно собрание за членови на Управниот одбор на ДПМ се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.

Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.

За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови:  Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски.

Според Статутот на ДПМ за претседател се бира оној кандидат што добил најголем број гласови од присутните активни членови на редовното изборно Собрание.

ПредходнаМВР: Уапсени 28 лица во криминалистичка истрага за сузбивање на улична продажба на дрога
СледнаВо Србија денеска се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград