дома Политика Се огласи Ахмети на фејсбук-ЈА почнуваме битката !

Се огласи Ахмети на фејсбук-ЈА почнуваме битката !

23

 

Ахмети на неговиот фејсбук профил се огласи со објаснување за потпишаната политичка декларација со партиите од Европскиот фронт.

„Ја започнуваме битката за заштита на легитимитетот, демократскиот и прогресивен дух на Охридскиот договор.

Сите партиски и претставнички тела во централната, законодавната и локалната власт на субјектите кои се дел од Европскиот фронт денеска во Тетово ја потпишаа Политичката декларација за етнички легитимитет што произлегува од изборите.

Овој документ ќе го доставиме до сите локални и меѓународни институции за да го спречиме кршењето на принципите на демократско функционирање на државата, мајоризација и етничка хегемонија.

Народот на демократските избори на 8 мај беше јасен дека Европскиот фронт како втора политичка сила треба да ја води евроинтеграциската мисија на земјата.

Демократијата не е играчка во ничија рака, таа е гласот на народот и само како таква може да гарантира стабилност и развој.

Заедно во одбрана на волјата на народот и заедничките достигнувања!“, напиша тој на фејсбук.

ПредходнаМурињо пристигна со специјални сили во Истанбул
СледнаЛокални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата тврди – Ниш и Чачак се слободни градови