дома Општество Австрискиот амбасадор Памер во посета на Бигорски манастир

Австрискиот амбасадор Памер во посета на Бигорски манастир

26

Aвстрискиот амбасадор во земјава, Мартин Памер заедно со свои соработници, за време на вкендов, престојувал во посета на познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир.

-Како споменик на вечните духовни вредности, заеднички за сите христијански народи, и како стожер на обединувачката сила на културната размена, Свештената Бигорска обител на Чесниот Претеча, го дочека австрискиот амбасадор во земјава, неговата екселенција Мартин Памер, кој допатува во десетвековното светилиште заедно со свои соработници, информираше отец Кирил.

Додаде дека посетата имала пријателски карактер и поминала во срдечна атмосфера и меѓусебно запознавање.

– Всушност, угледниот гостин дојде во нашиот манастир со цел запознавање на културното наследство, богатата историја и значењето на Бигорски, како и да договори посета на видни гости и поклоници од Австрија. За време на посетата, амбасадорот Памер оствари средба со нашиот почитуван старец, епископот Антаниски г. Партениј, која се карактеризираше со дух на топлина и отвореност и во неа се развија пријателски дискусии за духовноста и за улогата на христијанската вера во современиот свет, посочува отецот.

Според него, во атмосфера на заемна почит, владиката и амбасадорот споделиле сознанија за вредностите што ги поврзуваат општествата.

– Особен интерес амбасадорот покажа околу милениумската историја на манастирот, како и за монашкиот живот на нашиот старец и за неговата мисија со зависниците и со социјално ранливите категории. Во продолжение посетата се одвиваше во дух на пријателство. На крај, амбасадорот Мартин Памер срдечно му се заблагодари на владиката за топлиот пречек во Манастирот, нагласува отец Кирил од Бигорскиот манастир.

Пред десеттина дена во посета на Свештената Бигорска обител беше амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, со свои соработници.

ПредходнаКомисии ќе констатираат нерегуларности во полагањето државна матура
СледнаЃорѓиевски: Финализираме со проектот за реконструкција на сите улици во Усје