дома Свет Молк и засилени мерки за безбедност во Кина на 35-годишнината од задушувањето...

Молк и засилени мерки за безбедност во Кина на 35-годишнината од задушувањето на протестите на плоштадот Тиенмен

42

Контролни пунктови и редици полициски автомобили се создаваат на главниот пат што води до плоштадот Тиеанмен во Пекинг, додека Кина ги зајакнува безбедносните мерки за да ја одбележи 35-годишнината од крвавото задушување на продемократските протести во Пекинг, јавуваат американските медиуми.

Кина одамна заборави на убиствата, кои следеа по одлуката на кинеската Влада да и нареди на армијата да стави крај на повеќемесечните протести и да ја поддржи комунистичката влада. Околу 180.000 војници и вооружени полицајци влегоа со тенкови и оклопни возила и пукаа во толпата додека се приближуваше до плоштадот Тиеанмен.

И по 35 години од крвавиот настан се уште не е познат бројот на жртвите. Се смета дека загинаа стотици, ако не и илјадници демонстранти. Операцијата започна ноќта на 3 јуни и продолжи до следното утро.

Во цела Кина, настанот останува чувствителна тема, предмет на силна цензура, а сите споменувања во социјалните мрежи се бришат.

Стотици туристи се наредени низ улиците, што водат до влезните порти на плоштадот Тиеанмен и Забранетиот град.

Како одговор на барање на странски новинар да ја коментира годишнината, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, само кажа дека „кинеската Влада одамна дошла до јасен заклучок за политичките превирања што се случија на крајот на 1980-тите“

ПредходнаАнкетите во Британија предвидуваат најголема победа на лабуристите во историјата на изборите следниот месец
СледнаНовата ерупција на индонезискиот вулкан Ибу крена столб од пепел висок пет километри