дома Свет Новата ерупција на индонезискиот вулкан Ибу крена столб од пепел висок пет...

Новата ерупција на индонезискиот вулкан Ибу крена столб од пепел висок пет километри

39

Вулканот Ибу на островот Халмахер, во Индонезија, денеска повторно еруптираше исфрлајќи пепел до висина од пет километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција.

Ерупцијата на вулканот траела околу две минути, а во радиус од седум километри од кратерот се забранети сите активности на населението, се наведува во соопштението.

Вулканот Ибу во мај и почетокот на овој месец имаше серија ерупции, што предизвика евакуација на седум околни села.

Ибу е еден од најактивните вулкани во Индонезија, а во 2023 година еруптираше повеќе од 21.000 пати.

По серијата ерупции, индонезиските власти на 16 мај го кренаа нивото на тревога за планината Ибу на највисоко ниво.

ПредходнаМолк и засилени мерки за безбедност во Кина на 35-годишнината од задушувањето на протестите на плоштадот Тиенмен
СледнаНови протести на европските земјоделци во Брисел