дома Локално Базар на десерти во Неготино

Базар на десерти во Неготино

27

   Базар на десерти ќе се реализира денеска во Неготино, во организација на деветоодделенците од основното општинско училиште ,,Страшо Пинџур” во овој град.

Базар на десерти во Неготино– Настанот започнува од осум часот на градскиот плоштад. Посетителите што ќе дојдат, ќе имаат можност да уживаат во највкусните домашни десерти подготвени со љубов и креативност од овие ученици. Со секој купен десерт, тие не само што ќе се засладат, туку и ќе помогнат во собирањето средства за организирање на нашата незаборавна завршна забава, велат организаторите на настанот, повикувајќи што е можно повеќе посетители да ги поддржат младите таленти и да придонесат за успешноста на овој настан.

Поддршката значи многу, нагласуваат организаторите на базарот на десерти.

ПредходнаПанел дискусија „ЕУ како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”
СледнаВо Демир Капија работилница „Дисеминација на бизнис модели за третман на био-отпад од производство на грозје и вино“