дома Живот Базар на „second hand“ производи во Јавна соба

Базар на „second hand“ производи во Јавна соба

24

Базар на „second hand“ производи во Јавна соба

  Во Јавна соба денеска од 11 до 15 часот ќе биде одржан третиот базар, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други производи „од втора рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.

На базарот, како што истакнуваат организаторите, ќе може да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови.

– Трендот за second hand модата е во нагорна линија, од страна на изложувачите, но и од страна на посетителите. Пред сè самата понуда станува побогата, интересот за учество на вакви настани расте, па на овој базар ќе има 35 штандови. Нив ги охрабрува и големиот број на посетители, кои ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и животната средина. велат организаторите.

Влезот за посетителите на базарот е слободен

ПредходнаМицкоски го доби мандатот за формирање влада, тече рокот од 20 дена
СледнаЕвроизбори: Европарламентот „ќе сврти“ в десно, но проевропските центристички сили ќе го задржат мнозинството