дома Балкан Грујичиќ: Од 1999 година до денеска во Србија има значајно зголемување на...

Грујичиќ: Од 1999 година до денеска во Србија има значајно зголемување на смртноста од малигни заболувања

26

Грујичиќ во Медиа центарот на презентацијата на Декларацијата и иницијативата за неопходните мерки за санирање на последиците од агресијата на НАТО врз Сојузна Република Југославија во 1999 година рече дека статистичката анализа на малигните заболувања за периодот од 1999 до 2018 година секоја година покажува значителен раст на малигните заболувања во Србија.

Како што кажа, бројот на заболени во 1999 година бил 19.000, во 2018 година бил 30.000, додека бројот на заболени во 2021 година е 40.000. Таа додаде дека има и значителен број на смртни случаи – 12.000 случаи во 1999 година, 15.000 во 2018 година и 20.000 во 2021 година.

Анализата на смртноста од малигни заболувања, рече Грујичиќ, покажа дека Србија е на прво место во Европа, а потоа следат земјите од регионот и изјави дека тоа го смета за последица на нуклеарното загадување во 1999 година.

Грујичиќ рече дека во Србија е забележан голем пораст на автоимуните болести, како и дека е неопходно да се истражи здравствената состојба на војниците кои биле изложени на ефектите од муницијата со осиромашен ураниум и состојбата на децата на ветераните кои биле изложени на овие оружја.

Таа додаде дека е потребна и детална анализа на машката стерилност и патолошка бременост како последица на нуклеарно и хемиско загадување.

ПредходнаИзбори за ЕП – Подем на екстремната десница, политички земјотрес во Франција и можен нов мандат за фон дер Лајен
СледнаМакедонската поетеса Дамјановска на 54. издание на фестивалот во Ротердам