Еден од осудените за помагање во случајот „Монструм“ – Фејзи Азири се појави во студио на телевизија Алсат М, порачувајќи дека не сака да биде опфатен со новото законско решение за амнестија, туку бара да биде ослободен, под реални околности.
– Не ме интересира законот за амнестија, не сум побарал и нема да барам. Не барам амнестија, барам само правда. Не ми е гајле што се случува со тој закон, кој го предложил. Тоа е за затворениците. Тие што се засегнати нека уживаат. Не ме интересира амнестија – изјави тој.
Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“ можат да бидат амнестирани со Законот за амнестија што го изготви Министерството за правда.
Ова за тв21 го изјави адвокатот на двајцата осудени, Насер Рауфи, кој очекува амнестија бидејќи делото за кое се товарат е само за „помагање“ во предметниот случај. Во нивни прилог оди тоа дека веќе отслужиле две третини од казната.