дома Магазин Помладиот брат на принцезата Дијана се разведува по 13 години брак

Помладиот брат на принцезата Дијана се разведува по 13 години брак

42
Помладиот брат на принцезата Дијана се разведува по 13 години брак
  Помладиот брат на починатата британска принцеза Дијана, Чарлс Спенсер (60) се разведува од сопругата Карен по 13 години брак.

– Тоа е исклучително тажно. Сега само сакам да им се посветам на моите деца и внуци, а на Карен ѝ посакувам многу среќа во иднина, изјави тој за „Дејли мејл“.

Според медиумите, на бракот наводно му пресудиле мемоарите во коишто Чарлс открива дека доживеал физичко и сексуално злоставување во интернат и секакви други работи. Неодамна тој изјави дека работата на мемоарите толку многу го погодила што морал да побара стручна помош.

Чарлс и Карен се во брак од 2011 година. Тие се венчаа два месеци по кралската венчавка на принцот Вилијам и Кетрин – Кејт Мидлтон. Ја имаат 12-годишната ќерка Шарлот Дијана. Карен има уште две ќерки од претходниот брак со холивудскиот продуцент Марк Гордон, а Чарлс има шест деца од првите два брака со Викторија Локвуд и Керолин Фројд.

ПредходнаПронајден корален гребен, километар долг и неоштетен од глобалното затоплување
Следна„Под Сена“ – нов хорор-филм за ајкула