дома Политика Нова влада до 20 јуни, објавени дел од имињата на министрите

Нова влада до 20 јуни, објавени дел од имињата на министрите

42

  Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Вреди и ЗНАМ  се очекува да биде формирана на 19 или 20 јуни, најави Изет Меџити од Вреди, објавувајќи дел од имињата на идните функционери од оваа коалиција. Покрај за поделбата на ресорите во новата влада и имињата на министрите, во фокус на јавноста останува двотретинското мнозинство што за измените на Законот за организација на државната управа коалициските партнери во владата во најава го обезбедија со поддршка од пратеници од Европскиот фронт.

Изет Меџити вчера во изјава потврди дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, а градоначалникот на Општина Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците Арбен Таравари министер за здравство.

Изет Меџити, претседател на Демократското движење денеска изјави дека Законот за амнестија не е во интерес на граѓаните или на ЕУ интеграциите, туку амнестија на криминалот што е направен во

-Јас и Таравари по секоја веројатност ќе бидеме дел од извршната власт – јас на функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот за здравство. Касами повторно ќе се врати на Тетово, за да го заокружи мандатот кој успешно го започна. Можам да потенцирам дека „Вреди“ ќе има двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. За вицепремиерското место за евроинтеграции деновиве треба да одлучи Алтернатива. БЕСА треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика, рече Меџити во изјава за ТВ Алсат.

Мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по добивањето на мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова најави дека набргу ќе биде составена новата влада и оти тоа ќе се случи пред законскиот рок. Главна цел на владата најави дека ќе бидат реформите,  со цел придвижување на работите во економијата, силен инвестициски циклус, подобрување на состојбите во здравството, образованието, земјоделството…

Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој од претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска доби мандат за формирање влада.

– Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад, рече Мицкоски минатата недела во четвртокот од кога почна рокот од 20 дена за формирање на владата.

Со измените на Законот за државна управа што беа изгласани викендот се овозможува да се спроведе најавената промена во организацијата на министерствата и агенциите и новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досегашната.

Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска го критикиваше двотретинското мнозинство за законот со поддршка од ДУИ кои, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања ветуваше дека заминуваат во опозиција.

САД се наш долгогодишен стратешки партнер со кои градиме политика на взаемна доверба, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќањето пред собраниската Комисија за одбрана и бе

-ДПМНЕ во Собранието имаше завет на молчење, зашто на Али Ахмети му се брзаше час поскоро да гласа, иначе ќе ви избегаше двотретинското мнозинство. ДПМНЕ се обидува да направи премин од оние дијаметрално спротивни изјави кога жестоко беше критикуван ДУИ, кога лидерот во предизборната кампања ветуваше дека ДУИ заминува во опозиција, дека не треба да се факторизираат, дека се небитни дека се криминалци коишто треба да одат во затвор и да бидат осудени на криминал. Повторно во таа рационализација правите ново тело на барање на ДУИ. Од едни контра ставови дека не заслужуваат да бидат факторизирани ДУИ седна на маса со ДПМНЕ и стана фактор за вие преку ноќ да го донесете овој закон, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во телевизиско гостување.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, објаснува дека Законот за реорганизација на работата на органите на државната управа ги средува надлежностите помеѓу министерствата, а опозициската СДСМ критикува дека е скандалозно што таков системски закон се донел во скратена постапката.

Барајќи го правиот пат, уплатил ли Венко Филипче на сметка на Стабри Интернешенал 12.5 милиони долари на сметка во Дојче банк?!

-Станува збор на усогласување на надлежностите кои што ги имаат министерствата затоа што се појавуваше преклопување на  надлежностите и граѓаните кои што чекале одредени одговори од државната управа биле соочени со тој судир на надлежности кога ги препраќаат од едно на друга на трета врата па не се надлежни, па чекаат одговори од министерства и на крајот од денот трпат граѓаните и трпи бизнисот, економија, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во телевизоско гостување.

Во однос на измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа,  Кренар Лога, министер за правда во заминување кој е дел од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села што е во коалиција со Европскиот фронт, тврди дека имале состанок со коалицијата „Европски фронт“ на кој биле информирани дека има покана од владејачката ВМРО-ДПМНЕ која не се однесувала само на конкретниот закон.

Пред да има такво гласање за измените, неколку дена претходно имавме состанок на коалицијата „Европски фронт“ во поширок состав на претседатели и други претставници на партиите, на кој бевме информирани дека има покана од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, или некаков вид на покана преку трети лица. Дискутиравме и едно од прашањата беше како понатаму, односно дали да седнеме да разговараме, или да се водиме со тоа што веќе е најавено, односно да продолжиме да бараме легитимитет. Се дискутираше и едногласно се стигна до ставот дека треба да се седне со ВМРО-ДПМНЕ и да се отворат сите прашања, рече Лога во телевизиско интервју.

  • На првиот брифинг со медиуми како министер, Лога денеска посочи дека во Министерството за правда не нашол ниту една буква или документ за ветингот и нагласи дека стои на ставот дека мора да и

Оваа покана од ВМРО-ДПМНЕ, според него, била општа, а не само за измените на Законот за реорганизација на министерствата.

Во однос на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со претставници на „Европскиот фронт“ во кое се вели дека „законот е работен со поддршка на меѓународните партнери на државата и е дел на ИПА-програмата на Европската Унија“, тој рече дека нема такви информации.

– Во овој дел што тие го кажуваат, немам никакви информации бидејќи до ден-денес немам слушнато нешто такво. Не верувам дека е така како што вика ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ако имаше таков документ, сигурно ќе беа пред нас во јавност и ќе моравме да молчиме пред тие факти, рече тој.

Со законските измени се предвидува кон Министерството за економија да се приклучи сегментот труд, а делот енергетика, рударство и минерални суровини да бидат под надлежност на новото Министерство за енергетика. Сегашното Министерство за труд и социјална политика прераснува во Министерство за социјална политика, демографија и млади, а ингеренциите за туризмот ќе бидат под новото Министерство за култура кое ќе гласи Министерство за култура и туризам. Ќе се формира министерство за дигитална трансформација кое ќе го наследи досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, како и Министерство за спорт.

ПредходнаКипарски јутјубер обезбеди место во Европскиот Парламент
СледнаСБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа