дома Бизнис Евростат: Стапката на вработеност во ЕУ е 75,7 отсто во првиот квартал...

Евростат: Стапката на вработеност во ЕУ е 75,7 отсто во првиот квартал со незначителен пораст

24

 Стапката на вработеност на жителите на Европската унија на возраст од 20 до 64 години изнесува 75,7 отсто во првиот квартал од оваа година, објави денеска Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека ова претставува благ пораст од 0,2 процентни поени споредено со четвртиот квартал од 2023 година.

Стапката на вработеност варира во 15-те земји на Европската унија, а најголем скок во набљудуваниот период е забележан во Хрватска и изнесува 1,8 отсто.

ПредходнаЏулијан Смит за МИА: НАТО на Самитот во Вашингтон ќе промовира нови политики за кибер безбедност
СледнаМААЕ: Иран ја исполнува својата закана да го зголеми капацитетот за збогатување ураниум