дома Култура Стојаноска: Во Македонскиот театар се надевам се прават и ќе се прават...

Стојаноска: Во Македонскиот театар се надевам се прават и ќе се прават промени

41

 Мислам дека направивме успешен Фестивал, барем според бројот на публиката која бараше влезница повеќе за претставите, оцени Ана Стојаноска, уметнички директор на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп кој завршува вечер со доделување на наградите на најуспешните театарски остварувања.

-Гледајќи ја публиката во огромен број, гледајќи колку луѓе бараа билети и чекаа за нив, мислам дека сме направиле успешен Фестивал. Се разбира дека има простор за грешки и пофалби, ама јас сум од оние луѓе кои веруваат во креативната енергија и верувам дека следното фестивалско издание ќе биде уште подобро, изјави Стојаноска.

Во контекст на фестивалското мото „Промени се, промени сѐ“ Стојаноска се надева и очекува промени во македонскиот театар иако со мали чекори, а Фестивалот да продолжи да се бори за местото единствен, значаен традиционален театарски фестивал.

-Се надевам дека во Театарот се прават и ќе се прават промени. Можеби со мали чекори, во почетокот, и верувам дека токму тие мали чекори ќе придонесат да отидеме уште подалеку. Секогаш кога се прави промена има малку отпор, во смисла, добро ни е во оваа конфорна зона, сега има некој што нѐ тера малку повеќе да работиме, да ни дава некои принципи на работа, инсистира на професионалност. Сметам дека тоа покажува колку Фестивалот ѝ должи на својата традиција, интегритет, и колку понатаму продолжува да се бори да биде единствениот, значаен, традиционален театарски фестивал во Македонија, рече Стојаноска.

Со доделувањето на наградите и со концерт во чест на наградените, на Добрила и Дориан дуо, ќе бибе затворен 58. МТФ „Војдан Чернодрински. Според фестивалското жири, претставата „Црна дупка“ на струмичкиот театар е најдобра претстава во целина на годинашниов фестивал кој понуди 11 претстави во официјалната програма.

ПредходнаСинот на Леброн Џејмс тренира со ЛА Лејкерс
СледнаДепресијата води кон губење на меморијата и обратно