дома Спорт Мировски освои злато на Светскиот кикбокс куп во Будимпешта

Мировски освои злато на Светскиот кикбокс куп во Будимпешта

25

 Македонскиот кикбоксер Силвио Мировски го освои второто злато за Македонија на 29. Унгарски Светскиот куп во Будимпешта, Унгарија.

Во финалето во лоу кик категорија постари јуниори -71 кг, Мировски го победи и Иван Боротаји од Украина со 3:0. Претходно во полуфиналето славеше над уште еден Украинецот, Владислав Камзирчук исто така со 3:0.

Македонската репрезентација на ова натпреварување освои пет медали од кои две злата, едно сребро и две бронзи.

Претходно, златен медал на нашата земја и донесе Марија Димовска која во финалето ја совлада Тријада Антупулу од Турција со 3:0.

Антонио Трендов се закити со сребро, додека Калин Бабоски и Александар Димовски освоија бронзени медали.

ПредходнаМакедонскиот атлетичар Роберто Димитриевски го освои првото место на „Килкис Треил 2024“
СледнаМилијана Рељиќ повторно eвропска клупска шампионка во таеквондо