дома Магазин Билети за концерт на Мадона чинат еден милион денари

Билети за концерт на Мадона чинат еден милион денари

58

Кралицата на поп музиката Мадона на 14 октомври ќе ја започне турнејата „Celebration“ со која ќе прослави 40 години на музичката сцена.

Првите четири концерти ќе се одржат во лондонската „О2 арена“, каде во нејзиниот настап ќе уживаат околу 80.000 обожаватели, а билетите за тие спектакли се одамна распродадени.

Останале уште само 88 билети за тие четири настапи и нивните цени се движат од 300 до 5.900 евра. Во продолжение на турнејата, Мадона ќе ги посети Белгија, Данска, Шведска, Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Италија, Холандија, а потоа и градови на американскиот континент.

За повеќето концерти во Европа останаа по 100 – 200 билети, а во салите каде што ќе настапи може да се сместат 15.000 и повеќе луѓе.

Интересен е податокот дека најмногу обожаватели сакаат да дојдат на нејзините настапи во Милано (23 и 25 ноември). За првиот концерт останаа 255 влезници, за вториот 276, а цените достигнуваат астрономски бројки.

Најниската е околу 300 евра, најскапата дури 15.454 евра, што е околу еден милион денари во противвредност.

Ако се земе предвид дека за време на турнејата „Celebration“, Мадона ќе одржи 78 концерти во Европа и Америка, се претпоставува дека постојат шанси кралицата на попот да постави нов рекорд за заработка од настапи. Токму таа го држи рекордот на листата на „Турнеја на женски изведувач со најголема заработка“ бидејќи за време на изведбата на „Sticky and sweet“ во 2008 и 2009 година заработила 411.000.000 долари (сегашни 560.622,61 долари). На второ место е повторно таа со турнејата „МДНА“ од 2012 година, кога заработила 305.158.362 долари (сегашни 388.978.495).

Сегашните проценки на обожавателите на Мадона велат дека таа од славеничката турнеја „Celebration“ треба да заработи над 600 милиони долари, односно близу осум милиони по концерт.



ПредходнаДневен хороскоп за четврток, 5-ти октомври 2023-та
СледнаПретрес во скопски Центар, приведен дилер, пронајден кокаин