дома Без филтер Зошто Грција воведува шестдневна работна недела?

Зошто Грција воведува шестдневна работна недела?

36

Додека бројни европски земји стремат кон пократка, четиридневна работна недела, владата во Грција одлучи да ја продолжи неделата на 6 работни дена – ако тоа го сака работодавачот. Вработените никој ништо не ги прашува.

Бидејќи, тоа е закон кој тешко може да им се допадне на вработените во Грција. „Законот 5053/2023 дефинитивно го убива принципот на петдневна работна недела“, вели Арис Казакос, пензиониран професор по трудово право од Солун. Затоа што тој закон му дава овластување на работодавачот само да му наложи на својот вработен да работи уште еден ден во неделата, иако со обврска да плати додаток во висина од 40 отсто од дневницата. Меѓутоа, вработениот нема право да одбие да работи подолго, што значи подолго е и вкупното работно време.

Протест на синдикатот во Атина на 1 мај 2023 година против кратењето на работничките права во Грција
Протест на синдикатот во Атина на 1 мај 2023 година против кратењето на работничките права во ГрцијаФотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images

Додуша, секој во светот на работата ќе ја знае разликата помеѓу „работно време“ и „останување на работното место“, но барем кога се работи за обврзувачките часови кон работодавачот, Грците се меѓу најпогодените во Европа: според Евростат, тие мора да поминуваат 41 час неделно на работното место. Истовремено, со минимална плата од 830 евра, Грција е само на 15-то место меѓу членките на Унијата.

И без овој закон, вработените во Грција се всушност изложени на самоволието на работодавачот: теоретски се одредени 40 работни часови неделно, но шефот може да му нареди на работникот да работи прекувремено најмногу два часа дневно во „ограничен“ период – и тоа неплатено, само со обврска да ги „надокнади“ тие часови со слободно време и годишен одмор. Ако некогаш го сторат тоа, тоа треба да биде надгледувано од специјални трудови инспектори – кои во Грција ги има хронично премалку, а конзервативната влада не се ни обидува да ја подобри нивната работа.

Работодавачот диктира сè како што сака

Уште полошо – во секторот туризам и угостителство од лани нема петдневна работна недела и тоа е само почеток. Затоа што како што е тоа инаку во денешниот работен свет, колективните договори и онака полека исчезнуваат, наместо тоа работодавачот склучува индивидуален договор за вработување со работникот – и тука тогаш пишува што сака, смета професорот.

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис
Премиерот на Грција Кирјакос МицотакисФотографија: Aris Messinis/AFP/Getty Images

„Кај индивидуалните преговори работодавачот е целосен суверен кој ги диктира практично сите услови, со исклучок на минималните и загарантирани работнички права. А кога вака се либерализираат законите, тогаш се губат и тие минимални заштитни рамки. А имајќи предвид дека работодавачот може да диктира услови кои се корисни за него, тоа автоматски води кон создавање на работен однос заснован на неправда. Затоа што она што во работниот однос е од корист само на едната страна, никогаш не може да биде фер.“

Владата во Атина го објаснува новиот закон со зголемените проблеми на пазарот на труд поради недостигот на работна сила, така што на работодавачите им се дава можност да ги користат оние кои веќе ги имаат. Но, според мислењето на професорот по трудово право, ова е сосема погрешно гледиште: пред сè, подолгото работно време и поголемиот притисок неминовно значат повеќе несреќи при работа – а тоа веќе се случува во Грција под оваа влада. Во 2022 година имало 104 смртни случаи на работното место во целата земја, а лани тој број се искачи на 179.

Дали знаете што значи „пазар“?

А лошата плата и сè полошата перспектива за постигнување кариера во Грција само постигнуваат сè повеќе Грци да заминат во странство. Најдобар пример е туристичкиот сектор: сите таму се жалат дека им недостасуваат луѓе, а Грците ги заобиколуваат тие работни места во широк круг – затоа што тоа веќе наликува на ропска работа.

Мигрантите од Бангладеш веќе работат шест дена неделно во текстилни фабрики во Грција
Мигрантите од Бангладеш веќе работат шест дена неделно во текстилни фабрики во ГрцијаФотографија: Arafatul Islam/DW

На пример, на островите Миконос и Санторини, за „сезонците“ нормално е да се работи секој ден во неделата, а се сместени десетмина во една соба.

Барем кога станува збор за тие познати туристички дестинации, приходите се релативно добри, што не може да се каже за помалку познатите дестинации. Така рестораните на Халкидики се жалат дека летово мораат да ги отворат хотелите подоцна отколку што би сакале бидејќи немаат луѓе.

Но, и работодавачите треба да го разберат терминот „пазар“ во пазарот на трудот: ако понудата е помала од побарувачката, тоа само значи дека тие треба да понудат подобри плати и подобри работни услови. Но, грчките работодавци се чини дека сè уште не го сфатиле тоа.

ДВ

ПредходнаДесетици илјади Израелци протестираа барајќи избори и враќање на заложниците
СледнаМНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно влошување на ситуацијата