дома Локално Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за...

Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета

38
Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета

  Ситуацијата по завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализирана, соопшти ЦУК.

Речиси 99% од повиците на 112, во текот на последното деноноќие биле барање да се направи записник за претрпена материјална штета, што се трансферираат до надлежните во општините, а потоа до владина комисија за понатамошна постапка.

ЦУК информира и за пет пожари на отворено и за неколку помали интервенции на пожарникарите во последното деноноќие. Сите пожари се изгасени.

Пожари имало во Долнени – помеѓу селата Лажани и Кошино (горела ниска вегетација нискостеблеста шума), во Босилово – с.Старо Балдовци (грмушки), во Ново Село кај место викано „Хаџиица“ (букова шума млада јасикова шума, ниска вегетација и папрат), во Куманово кај место викано „Љикшичка“ (ѓубре) и во Велес кај резервоарот за вода на ЈП „Дервен“ кај месноста „Поток“ (горела ниска вегетација).

ПредходнаМицкоски: Нема промена во моите ставови за употреба на името на државата
СледнаРебаланс на Буџетот во втората половина на јули, најави премиерот Мицкоски