дома Магазин Како „Убер“ услугата спои двајца „стари пријатели“?

Како „Убер“ услугата спои двајца „стари пријатели“?

39
Како „Убер“ услугата спои двајца „стари пријатели“?

  Видео со случајна средба на „стари пријатели“ е хит на интернет-просторот… Имено, Дени и Џон од САД не се беа виделе повеќе од 20 години, а повторно се сретнаа сосем случајно, кога Џон влезе во „Убер“ таксито на Дени.

На почетокот на видеоснимката на „Тикток“, возачот и корисникот на „Убер“ услугата имаат вообичаен, секојдневен разговор… Сѐ додека Џон не го праша таксистот: Како се викаш? Следува препознавање и она воодушевено поздравување меѓу двајца кои не се виделе над две десетлетија.

Инаку, Дени и Џон работеле во ист клуб во Далас, но изгубиле контакт на почетокот на овој век. Пријателите се присетиле на убавото минато и си ветиле дека повторно ќе се видат „на пијачка“. Видеото за само четири дена од објавувањето собра над 9,8 милиони прегледи, речиси два милиони допаѓања и 7.700 коментари.

 

 

 

ПредходнаТоп-10 листа најубави плажи на Халкидики
СледнаРКЕ ќе ја соопшти новата цена на електричната енергија, не се очекуваат ценовни шокови